ООУ „Наум Охридски”

Булачани, Скопје

екочас2025 #генералкавикенд2025

Еко акција

Денес нашето училиште беше дел од големата пролетна еколошка акција наречена ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД преку спроведените Еко часови со учениците и наставниците.Беа реализирани повеќе еко активности: чистење и разубавување на училниците, училишниот двор и околина, еколошки квизови, пишување на еко пораки.
Целта на Еко часовите е да ја поврземе практичната работа на терен со наставата, бидејќи веруваме дека грижата за животната средина се учи и преку настава и преку активно учество во акции за чистење и зачувување на природата.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе