ООУ „Наум Охридски”

Булачани, Скопје

Отворен повик за избор на Ученик правобранител и негови заменици

ООУ „Наум Охридски“с. Булачани, објавува повик за избор на Ученик правобранител и Заменици ученици правобранители.

Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето (Училишен кадар и Народен правобранител).

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на  пријавување за функцијата Ученик правобранител: ученици/чки од  7 мо и 8 мо одделение.

Право на  пријавување за функцијата заменик Ученик правобранител: ученици/чки од  6то,7мо и 8мо одделение во основно училиште.

 

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи потребни за аплицирање се  пријава и мотивационо писмо. Заинтересираните ученициможе да подигнат пријава од педагошко – психолошката служба во училиштето. Истата треба да се пополни и да се достави до службата. Мотивационото писмо се пишува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите25.10.2019

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ

пријава заменик правобранител

пријава ученик правобранител

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе