ООУ „Наум Охридски”

Булачани, Скопје

Посета на Хидробиолошкиот завод во Охрид

Со големо задоволство споделуваме дека учениците од ООУ „Наум Охридски“ имаа можност да бидат дел од едукативна и инспиративна посета на Хидробиолошкиот завод во Охрид

Посетата беше реализирана во рамките на активностите на Мрежата за искуствено учење, при што учениците беа водени од наставничките Елена Максимовска и Биљана Белогаска.

Темата на оваа посета беше „Загадување на воздухот и кисели дождови“, а воедно се одржа и интерактивна работилница во која учествуваа 19 ученици во времетраење од 180 минути. Преку практична и дискусиона работа, учениците ги истражуваа причините и последиците од загадувањето на воздухот, поставуваа прашања и активно се вклучуваа во процесот на учење.

Ова искуство значително придонесе за зголемување на еколошката свест кај учениците и го поттикна нивниот интерес за науката и заштитата на животната средина

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе