ООУ „Наум Охридски”

Булачани, Скопје

Второ зелено знаме за нашето еко-училиште

По објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште по втор пат се закити со највисокиот статус – Зелено знаме.

Зеленото знаме е потврда дека се исполнуваат сите предвидените критериуми и услови предвидени од проектот. Охрабрени од признанието и горди на својата досегашна работа, ќе продолжиме да го градиме имиџот на успешно еко-училиште.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе